Категории

Цела Канада зборува за новите правила во тоалетите

На првиот ден од Канадската национална изложба, која се одржува во Торонто од 19 август до 5 септември биле пуштени во употреба нови табли на сите тоалети.

Посетителите воодушевени го коментирале натписот „Не ни е грижа“, под цртежот кој претставува половина жена, половина маж.

 – Сакавме да порачаме дека не ни е грижа дали сте жена или маж, едноставно можете да го користите овој тоалет – рекла генералната менаџерка на Канадската национална изложба, Вирџинија Луди.

Како што соопштила Вирџинија Луди, иако основната идеја за ваквиот капитал била рамноправноста, ова решение всушност дало и практични резултати со оглед на тоа што пред женските тоалети секогаш има поголеми редови, додека во споредба со нив, машките остануваат речиси празни.

Иако се новост за Канада, ваквите тоалети всушност најпрво се појавиле во Северна Каролина, по воведување на законот со кој им се забранува на трансродни личности да ги користат јавните тоалети, што испровоцира некои компании да воведат унисекс тоалети.

Прегледи:
391
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
27.08.2016