Категории

Целата вистина за животот

„Овој живот е мачна работа која се состои од неправилната смена на гревот и несреќата, да живееш значи да лажеш.“

Познатиот книжевник Иво Андриќ успеал да ја спакува целата вистина за животот во само неколку реченици.

„Многу самуваш и долго молчиш, сине мој, маѓепсан си од соништата, изморен си од патеките на духот. Ликот ти е наведнат а лицето бледо, веѓи спуштени и глас како врата која чкрипи. Излези на летниот ден, сине мој.

Што виде во летниот ден, сине мој?

Видов земја силна и небо вечно, а човек слаб и краткотраен.

Што виде во летниот ден, сине мој?

Видов дека љубовта е кратка, а гладот е вечен.

Што виде во летниот ден, сине мој?

Видов дека овој живот е мачна работа која се состои од неправилната смена на гревот и несреќата, да живееш значи да лажеш.

Сакаш ли да спиеш, сине мој?

Не татко, ќе одам да живеам!“

Прегледи:
487
Објавено на:
02.03.2020