На прв поглед може да изгледа необично и кај многу луѓе може да предизвика и сомнежи за вкусот. Но, вкусот на црната лимонада е навистина освежувачки. Последниве неколку денови, црната лимонада стана вистински хит и на Инстаграм.
Лимонадата е црна поради активниот јаглен, а кога ќе се спои со витаминот Ц од лимонот, се добива лимонада која го чисти организмот од отрови, ја намалува подуеноста во стомакот и го намалува нивото на холестерол.
Затоа, црната лимонада се смета за идеален напиток за детоксикација на организмот.
Потребни состојки:
Сок од 2 лимони
4 чаши вода
1 таблета медицински активен јаглен
2 лажици мед или некој друг природен засладувач.