Категории

Туѓите критики и озборувања се како ѓубре – оставете ги онаму каде што му е местото

Кога некој ќе каже нешто лошо за вас, тоа е нивно ѓубре, зошто да ги земате за срце туѓите нечистотии?

Еве што одговорил Сри Сри Рави Шанкар во една прилика кога бил запрашан како да се носиме со критиките и трачевите.
„Однесувајте се како чистачи.“, одговорил тој.
Кога некој ќе ве пофали дека убаво пеете, свирите, рецитирате, готвите или било што, вие реагирате во зависност од тоа кој го рекол истото.

Ако оној кој ве пофалил е некое мало дете, тогаш тоа нема да не го сметате за многу важно и не го земате премногу за срце, но, ако ве пофали некој критичар, тогаш тоа е „многу битно нешто“.
А вие сеуште сте онакви какви што сте биле и пред тој да ве пофали.
На ист начин, кога некој ве куди, дека немате појма за пеење, свирење, цртање, или било што, се зависи од тоа кој ви го рекол истото.

Ако ви го каже тоа некое мало дете или најдобриот пријател, тогаш тоа и не е баш меродавно, но ако го направи некој светски познат композитор, сликар, тогаш ситуацијата е грозна.
Но вие сте сеуште онакви какви што сте биле и пред тој да ве критикува.
Она што другите го исфрлаат пред вас, е нивно ѓубре, а вие се фаќате за тоа ѓубре.
не само што се фаќате за ѓубрето, туку и цврсто го стегнувате во своето срце и со години „копате“ во него.
Исфрлајте го туѓото ѓубре и немојте да му давате важност на истото. Вашиот живот е многу повеќе од туѓото ѓубре.

Прегледи:
602
Објавено на:
12.12.2019