Категории

Туристичка атракција – Перу го отвори Мачу Пикчу за само еден турист

Властите на Перу го отворија Мачу Пикчу за само еден турист од Јапонија, кој чекал седум месеци за да го посети ова светско наследство.

Џеси Катајама допатува во Перу уште во март, но Мачи Пикчу е затворен поради пандемијата на коронавирус. Министерот за култура на Перу, Алехандро Нејра изјави дека Катајама доби дозвола за пристап бидејќи испратил специјално барање.
Јапонецот првобитно требал да помине само неколку денови во Перу, но останал подолго само поради забраната за патување.
Сепак, изминатиот викенд тој го оствари својот сон благодарение на добрата волја на властите на Перу.

Мачу Пикчу е популарна туристичка атракција која датира од добата на Инките. Се очекува дека повторно ќе биде отворен за јавноста во ноември, но бројот на посетители ќе биде ограничен.

Перу потврди повеќе од 849,000 случаи на заразени од коронавирусот, а од последиците починаа 33,000 луѓе.

Прегледи:
663
Објавено на:
15.10.2020