Категории

„Твојот вкус е последното нешто што усниве го запаметиле“ – Кукла од Памук

„Погледнувам на другата страна,
протокот ми замрзнува.
Се прашувам, дали ќе беше вака
ако одлучев да зборувам наместо да замолчам.
И го слушам како диши покрај мене,
моето име во секое негово запирање на здивот,
додека јас самата одамна го заборавив своето
викајќи го твоето и во сон.
Сопствените тајни ги кријам дури од себе,
да не си признаам, да не си паднам во очите
дека погрешив, дека заслужив.
И секој ден што изминува
тој се повеќе ми се приближува
а јас далечна, како ѕвезда северница..
Ти заспиваш под друго изгрејсонце
а тука си ми, ми дишиш под кожава
твојот вкус е последното нешто што усниве го запаметиле..“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/

Прегледи:
603
Објавено на:
27.07.2020