Универзитет Американ Колеџ Скопје ги известува своите студенти, професори, соработници и целата јавност за начинот на одвивање настава во есенскиот семестар од учебната 2021/2022 година.
Врз основа на својата мисија да обезбеди врвно образование со комбинирање на најдобрите европски и американски образовни стандарди, како и следејќи ги глобалните текови во врска со светската пандемија и постигнувањата на медицинско и научно ниво, УАКС донесе одлука за продолжување на наставата со физичко присуство. Професорскиот и административниот кадар е целосно вакциниран, а со цел што поголема заштита на здравјето за сите на УАКС, ќе бидат применети следните безбедносни мерки и протоколи:
1. Студентите кои се вакцинирани треба да достават сертификат за вакцинација
2. Студентите кои не се вакцинирани треба да донесат еден од следните документи спроведени во официјална лабораторија по сопствен избор:
– Real time PCR тест за Covid-19 (валиден еден месец)
– Брз антигенски тест за Covid-19 (валиден еден месец)
– COVID-19 IgG тест за антитела (валиден 6 месеци)
УАКС прави напори да обезбеди попусти за групно антигенско тестирање, со тоа што трошоците за тестирањето ќе бидат делумно покриени од страна на Универзитетот. Дополнително, УАКС останува целосно да ги следи Covid-19 протоколите од септември 2020 г. Тоа значи дека:
– Максималниот број студенти во предавална ќе изнесува 35;
– Поголемите групи ќе бидат поделени;
– Сите предавални имаат заштитни прегради со цел обезбедување физичка
дистанца;
– Задолжително носење маски;
– Проветрување и дезинфекција на предавалните со UV лампа по секое предавање;
УАКС остава простор за хибрид или онлајн настава со синхронизирана
видеоконференција за:
1. Предмети што ги предаваат професори од странство;
2. Предмети за кои се смета дека е посоодветно да се одвиваат онлајн или
хибрид, по одлука на Декан на факултетот;
3. Некои предмети од постдипломски студии.