Категории

„Убавиот изглед е најдобрата одмазда“: Девојка ослабе 45 килограми откако ѝ раскина момчето

Шан Рајан пред само година и половина тежела нешто повеќе од 120 килограми. Кога нејзиното момче ѝ раскинало за време на романтичен викенд, таа пронашла утеха во фитнес салата. Резултатот од напорните тренинзи е очигледен.

Следејќи го советот на Клои Кардашијан дека одличниот изглед е најдобрата одмазда, таа се зачленила во теретана и вежбала неуморно во ноќните часови. По 12 седмици, започнала да гледа промени на телото, а веќе не ѝ недостигал бившиот дечко.

„Бев многу тажна кога раскинавме. Но, всушност тоа беше најдоброто нешто кое можеше да ми се случи“ – тврди таа.

25-годишната девојка од Англија за 18 месеци „стопила“ 45 килограми со помош на вежбање и фокусирање на здрава исхрана. Порано на нејзината трпеза доминирале брза храна и газирани пијалаци, но сега таа главно консумира зеленчуци, пилешко месо, овесни снегулки и протеини. „Бев дебела и тажна. Сега сум здрава и среќна“ – вели Рајан и додава дека планира да стане нутриционист и личен тренер.

Решителната девојка постојано споделува фотографии од својот напредок на Instagram со цел да мотивира други луѓе кои имаат проблеми со прекумерна тежина.

Прегледи:
329
Објавено на:
27.01.2017