Категории

Учи од Милена и Јелена! Револитиран гледач удри по новата водителка на Утринска емисија (видео)

По големиот скандал што ја снајде Јелена Спенџарска, кога во Утрнската емисија на Канал 5 изреволтирана од гледач шириум  аудиториумот порача да не шири негативна енергија, водителката ја суспендираа од ТВ екраните.

Иако Јелена го пронајде човекот и му се извини, таа се уште не се врати на телевизија да води Утринска емисија, па на нејзино столче седи новата водителка Анастасија Богдановска која утрово се најде во тесно со гледач.

Анастасија, немаш ист став кон гледачите. Учи малку од Милена и Јелена. Некои ги оставаш да дискутираат по 15, 20 минути, а некои по 1 минута. Не ти доликува, изјави револтиран гледач.

Анастасија реагираше како вистински професиналец и културно му се обрати на човекот.

Секогаш кога застанувам тука, секое утро, прво нешто што правам ве поздравувам и ја кажувам темата. Темата денеска е физичкото здравје, дека имаме алармантни податоци, а потоа кажувам дека она што сакам да го направам во нашата комуникација е да се држиме на темата, да го кажеме своето мислење. Затоа кога ќе добиеме простор во ова емисија треба да внимаваме да не користиме навредливи зборови и притоа да не се напаѓаме, изјави Анастасија.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
552
Објавено на:
17.05.2017