Категории

УЕФА започна дисциплинска постапка против Русија

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Русија по судирите меѓу руските и англискиот фудбалски фанови вчера во јужниот француски град Mарсеј. УЕФА соопшти дека Русија е обвинета за нарушувања во толпа, расистичко однесување, и лансирање огномет.

Дисциплинско тело ќе постапува за рускиот случај на 14 јуни пред вториот натпревар со Словачка на 15 јуни. Дисциплинската комисија на УЕФА во овие постапки, исто така, може да ја земе предвид и претходна историја на насилство од руските навивачи на ЕУРО 2012 во Полска.

Прегледи:
427
Ознаки:
·
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
12.06.2016