Категории

Украсете ја вашата новогодишна трпеза со чоколадна лисната торта (ВИДЕО)

Декември и јануари се месеци за јадење. Кифлички, руска, француска, пилешка салата, до сувомеснати производи. Не не чуди што вагата во овие месеци покажува колку плус килограми сме качиле.

Еден од предлозите за јадење со кој ќе ја украсите вашата новогодишна и божиќна трпеза е чоколадната лисната торта.

Нејзината подготовкае толку лесна и едноставна.

Потребни состојки:

250 gr млечно чоколадо

1 кружно лиснато тесто

Начин на подготовка:

Чоколадото нека ви биде на коцки. Со него формирајте триаголник-елка врз лиснатото тесто. Исечете го тестото на ленти како во видеото и внимателно затворете го чоколадото со тестото со помош на цик-цак движења, формирајќи форма на елка. Премачкајте со матена жолчка и додадете сечкани бадеми. Печете на 190˚C околу 30 минути. Декорирајте со шарени мрвички или пак шеќер во прав, по желба.

 

Прегледи:
438
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
31.12.2017