Категории

Уличен стил: Хеиди Клум во супер кул летна комбинација

Поранешната манекенка Хајди Клум, иако е на прагот на шестата деценија, сепак импресионира со добриот физички изглед, но и со модните комбинации.

Таа е висока, витка, има совршена долга руса коса и без проблеми донесе комбинација од сите светли бои кои ретко кој би се осмелил да ги износи. Заедно со сето тоа, тука е и нејзиниот смел став и насмевка која беше присутна цело време.
Еден од најпознатите супермодели во светот беше фотографиран на улиците во Лос Анџелес додека одеше на Старбакс, но не можеше да остане незабележана благодарение на неонската боја што ја носеше.

Зелена неонска нијанса ги красеше нејзините комбинезони, од кои едното рамо ѕиркаше од време на време, а светло жолта беше на нејзините кроки, како и на чантата со трегер, која исто така беше украсена со светло сини и морски мотиви. Таа, исто така, носеше авијатичарски очила со огледални леќи.