Категории

Ултимативни модни правила од познатиот Christian Louboutin

Создавачот на модната империја и кралот на женските чевли Кристијан Лобутин кој остави значајна трага во светот на модата создавајќи ги легендарните чевли со црвен ѓон,  го почести модниот свет со неколку модни правила кои секако секоја жена мора да ги почитува со оглед на тоа што тој е еден од нај престижните и нај ценети модни дизајнери.
Неговото искуство на патот до успехот е исполнето со многу предизвици и знаења кои смета дека треба да ги пренеси на своите обожаватели а и идни генерации на дизајнери како еден од најуспешните во модната индустрија.

Облекувајте се спрема тоа како сакате да се движите
„Секогаш изјавувам дека жената ја носи облеката, а чевлите ја носат жената.. Не е работата во тоа што сакате да носите, но во тоа како сакате да се движите.“

Облекувајте се спрема тоа како сакате да се чувствувате
„Прашањето не е во тоа дали жените треба да носат високи или ниски чевли, туку во она во кое се чуствуваат најмногу секски. Чевлите зборуваат само за оние на кои им се важни само тие, ако не размислуваат зошто ги облекле тие чевли тогаш чевлите не зборуваат ништо за нив.“

Запомнете дека е важно само она кое ви прилега
„Најважно е да го купите она во кое изгледате добро, а не она кое изгледа добро обесено на закачалка во продавница.“

Знак дека вашата модна комбинација е добра е доколку вашата друга половина ја забележува
„Многу жени ми кажуваат дека откако ќе ги облечат моите чевли, нивните партнери обраќаат повеќе внимание на она што го носат на себе, што е доста важен комплимент.“

Прегледи:
331
Објавено на:
17.03.2017