Категории

Умрел од тага за неа: Починале истиот викенд по 60 години брак!

Благо и Винка Алиловиќ биле во среќен брак цели 60 години. Благо умрел само еден ден по неговата сопруга од тага за неа.

87-годишниот Благо, последните денови од неговиот живот ги поминал покрај својата саканат сопруга, грижејќи се за неа.

Откако Винка била хоспитализирана, Благо секој ден ја посетувал и ја негувал. Винка оболела од деменција, но и психооргански синдром поради што не можела да се храни самостојно.

Иако слабо реагирала на надворешните дразби, Винка своите последни денови не ги поминала сама, туку секој ден за неа се грижел нејзиниот сопруг. Само ден подоцна и се придружил и тој, придружувајќи и се во вечното почивалиште.

Прегледи:
507
Објавено на:
02.12.2021