Категории

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари да ги сруши дивоградбите!

Станува збор за 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица“ и во стариот дел на градот.

Оваа одлука ја донесе Комитетот на УНЕСКО вчеравечер во Азербејџан, Баку, но останува на својот став дека до февруари охридските власти мора да прогласат мораториум на сите спорни дивоградби – во спротивно градот ќе се најде на листата на загрозени подрачја.