Додека нестрпливо чекаме лето и премиера на филмот Mamma Mia: Here We Go Again , чии префинети кадри беа снимени на островот Вис, пристигна уште една снимка која ќе ни помогне да чекаме.
Во новиот трејлер се враќаме во минатото и дознаваме како се започнало, како Дона Шеридан ги запознавала своите тројца додворувачи, но она што посебно возбудува во новиот трејлер е, секако, легендарната Шер! Легендарната пејачка се појавува со платинасто плава перика, во бела облека и розови нокти и мора да признаеме дека сме возбудени од нејзиниот лик.
Премиерата на филмот е закажана за 20-ти јули и ние едвај чекаме да го погледнеме!