Категории

Уштe eдна моќна колeкција на Givenchy

landscape-1475440016-elle-pfw-ss17-collections-givenchy-00-index-getty

Riccardo Tisci ја претстави својата модна визија за пролет/лето 2017. Како што самиот тој изјави во новата колекција е вдахната природата, моќта на силните жени кои се борат за власт во светот, како и класичните supеrchic елементи по кои е познат овој бренд.
После минатата сезона во која Tisci ја претстави својата колекција во вид на излет во Њујорк, овој пат тој ги угости своите американски следбеници во Парискиот музеј National d’Histoire Naturelle каде сите тие блогери, новинари, и фанатици од првите редови ги проследија трендовите кои тој ги издиктира за идната сезона.
Прекрасни принтови, раскошна палета на бои, како и секси одела со ѕвонарести ногавици кои ја пратат витката силуета на Givеnchy девојките, залижаната коса полна со сјај со потписот на Guido Palaua, и мноштвото cocktail фустани кои на оваа колекција и дадоа препознатлив печат.

Прегледи:
686
Ознаки:
·
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
05.10.2016