„Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05). Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките“, објавија на својот Фејсбук профил од ЗОО Скопје.
☑️ Носење маска/марама при влез во Зоо Скопје
☑️ Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
☑️ Строго е забрането хранење и доближување до животните
☑️ Отпадоците да се фрлаат во корпите
☑️ Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
☑️ Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
☑️Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.
Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките!