Според истражувањата и психолозите, утрото е навистина најважниот дел од денот, а доколку ги практикувате овие навики, Вие ќе се трансформирате во сосема друга позитивна личност:
- Хидрирајте се. Дехидрацијата може да доведе до замор, главоболки и намалена концентрација. Доколку наутро се напиете вода, многу е веројатно да бидете полни со енергија, а благодарни ќе Ви бидат и Вашите когнитивни функции.
- Испланирајте го денот. Со тоа ќе имате јасна претстава за она што треба да го постигнете, нема да се чувствувате преоптоварени и ќе го намалите нивото на стрес.
- Ослободете се од работите коишто Ви го одвлекуваат вниманието. Во денешниот дигитален свет навистина е тешко да се ослободиме од сите светечки екрани уште рано наутро, но доколку успеете ќе се чувствувате многу поенергично.