Категории

Утринското кафе согорува калории, а има и многу други придобивки кои не сте ги знаеле

Многумина не можат да замислат да го започнат денот без филџан од омилената мисирка или како што многумина го нарекуваат домашно кафе. Ако се ограничите на една до три шолји дневно, тоа позитивно влијае на здравјето, метаболизмот и варењето.

Согорува масти
Ако пиете кафе пред тренинг, ќе ја зголемите издржливоста и ќе согорите повеќе маснотии за време на вежбањето. Кофеинот ги поттикнува мускулите да работат и да ги користат мастите како своја енергија. Колку повеќе енергија од маснотии – толку повеќе вежбате во теретана.

Помага во борбата против целулитот
Покрај пиењето кафе, може да биде многу добро ако го користиме и за козметички цели. Наместо да трошите пари на скапи антицелулитни третмани, направете си мешавина со која успешно ќе се ослободите од целулитот.

Потребна ви е една лажица кафе и една лажица кокосово масло. Измешајте ги овие две состојки и соединете, а добиената смеса втријте ја на критичните места. Овој третман го правите до два пати неделно, а после еден месец ќе ја видите разликата.

Сепак, нутриционистката Викторија Кољанезе предупредува дека кафето не влијае добро на линијата и може да доведе до таложење на маснотии на стомакот, доколку се пие на овој начин.

– Една шолја кафе или чај наутро може да ни ја даде вистинската доза на енергија, и да не разбуди. Но, наутро прекумерните дози на кофеин ќе го подигнат нивото на хормонот кортизол, кој е поврзан со чувството на стрес – објасни таа.

Зголеменото ниво на кортизол во подолг временски период ќе испрати сигнал до телото дека е време да почне да гради резерви на енергија, што ќе влијае на обемот на половината бидејќи телото ќе акумулира масни клетки околу стомакот.

Прегледи:
430
Објавено на:
15.01.2022