Категории

Ужасниот моден тренд на ‘видлива танга’ повторно се врати – Некои се згрозени а некои го обожаваат

Баш кога помисливме дека овој тренд остана засекогаш заборавен во далечното минато како најголемо модно фијаско, тој повторно се врати на модната сцена и тоа попопуларен од било кога.

Само кога помисливме дека овој тренд е трајно „пензиониран“, следуваше неговото заживување. Тангата повторно станува откриена и тоа на начин на кој што никој не очекуваше. Се работи за посебно дизајнирани парчиња на фустани со вградена танга која е видлив дел од фустанот. Овој тренд неверојатно заживеа на социјалните мрежи и стана вистински хит. Некои ѕвезди дури и почнаа да го носат на црвениот тепих, секако помеѓу нив се најде и Ким Кардашијан која не пропушта да испроба нити еден контраверзен тренд. А она што го изненади модниот свет е тоа што овој тренд се пласираше и на модните писти во колекциите на брендовите од високата мода. Колку овој моден тренд ќе успее да опстане на модната сцена овој пат, останува да видиме.

Прегледи:
637
Објавено на:
15.01.2021