Категории

Вака изгледа лудо дизајнираниот Ферари од 1993 година (ВИДЕО)

Афирмираниот германски дизајнер Bernd Michalak го изградил овој единствен автомобил врз основа на Ферари 328 ГТС, и го претставил далечната 1993 година на Франкфурт Мотор Шоу.

Направил грациозен автомобил, со едноставен облик, а во најголемиот дел од изработката користел алуминиум за да биде што полесен. Conciso по претставувањето предизвикал многубројни одлични критики, а Michalak се надевал дека Ферари ќе го препознае неговиот потенцијал и ќе создаде лимитирана серија според неговиот концепт, но тоа никогаш не се случило. Conciso нема кров, ни врати, но има минијатурно ветробранско стакло без рамка.

За да влезете во овој автомобил, потребно е да бидете вешти и подвижни. Работи на 3.2 литарски мотор В8 од Ферари, кој е централно сместен, со сила од 270 коња. Менувачот е рачен, а автомобилот е за 30% полесен од стандардната верзија на Ферааари 328 ГТС. Најголемата брзина која може да ја оппстгне е 278 км на час.

Без оглед на лудиот изглед, овој автомобил е легален за возење по улиците, а претходниот сопственик го регистрирал во Белгија.

Прегледи:
627
Објавено на:
01.03.2018