Категории

Вака изгледа модата под сребрен сјај (ФОТО)

Романсата помеѓу модните дизајнери и металниот сјај трае уште од почетокот на овој милениум, а продолжува и оваа сезона.

Додека претходно карактеристични беа сребрените фустани и аксесоари, сега најсветлата нијанса на сребро е најмногу присутна на панталоните и здолништата, како и на обувките.

За разлика од златото и бакарот, среброто во секој моден избор внесува енергија. Можете да го носите во дневни комбинации (ако сребрениот шорц или панталони ги искомбинирате со еднобоен топ или обична памучна маичка, а целокупниот изглед го надополните со шминка), дури и на плажа (костим, качкет, торба).