Категории

Вака Македонец ја изненади сопругата за јубилеј од брак (ФОТО)

Годините од бракот не минуваат без спомени од денот на венчавката и потписот на граѓанскиот брак во матично, особено оние на неописливата среќа од тој значајно љубовен и емотивен ден.

Еден од партнерите сигурно го памети датумот, жените ќе кажат дека тоа се секако тие, а мажите поретко би признале дека тие се оние што повеќе забораваат.

Но, овој Македонец не е од оние заборавените, тој за јубилејните 10 години од брак, решил да ја изненади својата драга со торта, но со тотално неочекувана декорација.

„10 години мрак“, пишува на тортата, па веруваме дека кога бракот им стигнал до јубилеј, веројатно сопругата ја сака духовитата страна на својот сопруг.

Извор: Вистина

Прегледи:
509
Објавено на:
19.02.2017