Категории

Вардар го совлада европскиот шампион Будуќност

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победи актуелниот европски шампион Будуќност со 26:24. Воедно, ова беше прв триумф за „црвено-црните“ во меѓусебните дуели со црногорскиот тим.

Победникот беше решен во последните десетина минути кога домашните ракометарки со фуриозна игра, минусот од два гола, на крајот го претворија во два позитива.

Најефикасни во победничкиот состав беа Барбара Пенезиќ со шест и Андреа Пенезиќ со пет погодоци, а на голот одлична беше Амандин Лејно со 20 одбрани.

Победата за вардарки значи задржување на шансите за второто место во групата 2 од Лигата на шампионите кое носи условно полесен противник во елиминациската фаза, а теоретски Вардар може да заврши и на лидерската позиција.

На првиот денешен дуел од оваа група Митјиланд – Букурешт 23:28.

Табела по 9.коло: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 12, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 2.

Прегледи:
504
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
21.02.2016