Вардар го победи Металург со 26:22, но мечот во најголемиот тек беше возбудлив и неизвесен, тимот од Автокоманда повторно се крева.
Дерби натпреварот помеѓу Вардар и Металург полека го враќа стариот сјај, ракометарите на Лино Червар влегоа со голем мотив, изгинаа на теренот, но изненадувањето ќе почека за некоја наредна пресметка.
Металург почна одлично, некаде пред 20. минута имаше водство и од 8-6, но до крајот на полувремето Вардар направи пресврт и на одморот се отиде со 14:11.
Металург играше на високо ниво и во второто полувреме, дојде на минус еден, но на крајот искуството пресуди и Вардар победи со највисокото водство кое го имаше, четири разлика.
Најефикасен на мечот беше Талески со осум голови, во Металург одличен во второто полувреме беше и голманот Томовски кој имаше свое шоу на голот.
Во Вардар, Манасков доминираше со шест гола, ова беше негов прв натпревар против својот поранешен клуб.