Категории

Вашето лице заслужува врвна нега и заштита : „Hydro detox“ за чиста и сјајна кожа

Вашето лице е вашиот идентитет, а токму поради тоа потребно е да го негувате 365 денови во годината, а особено по завршувањето на летниот период. Лицето е секогаш подложно на сите надворешни фактори, без разлика дали станува збор за градската прашина, сончевите зраци, ветрот, студот. Поради сите овие влијанија, кожата го губи својот квалитет, еластичност, свежина.

На вашето лице му е потребно освежување и длабинска хидратација со третманот „Hydro Detox“ за чиста и сјајна кожа, ексклузивно само во La Sensa студиото за убавина. Ова е третманот кој откако ќе го почувствувате на вашата кожа, ќе прерасне во ваш омилен начин за негување на лицето.

Резултати од овој третман:

  • Ја измазнува кожата и го изедначува тонот;
  • Го намалува вишокот на маснотии и нечистотии;
  • Ја одржува pH вредноста на кожата;
  • Избегнува дехидратација;
  • Ја негува, измазнува и освежува кожата.

Во продолжение погледнете како изгледа процедурата на овој третман:

„Hydro detox“ е новиот anti-age третман кој на вашето лице му го враќа сјајот, еластичноста, отстранувајќи ги сите токсини од него, а истовремено ја опушта и смирува кожата.

Наменет е за сите типови на кожа, овозможувајќи им длабинска хидратација за кожата да се доведе во рамнотежа брзо и долгорајно.

Преку детоксирачкиот ефект се отстранува нечистотијата, се смирува воспалената кожа и делува против воспаление на чувствителната кожа. Ги намалува вишокот маснотии и нечистотии, а истовремено ја негува, измазнува и освежува кожата.

Резултатите добиени со „Hydro detox“ третманот во La Sensa студиото за убавина се видливи веднаш. Длабинската хидратација е вратена, а кожата е ослободена од сите токсини.

Вратете го сјајот и еластичноста на вашата кожа, а притоа ослободете ја од сите отрови кои се собират во неа секојдневно. Почувствувајте ги сите придобивки од „Hydro detox“ третманот во La Sensa студиото за убавина и уживате во резултатите.

Прегледи:
483
Објавено на:
20.11.2019