Просечниот човек има повеќе од 50 000 мисли дневно.
Мислите ли дека имате 50 000 вистинити мисли на ден?
„Содржината на вашиот ум не е ваш избор. не можете да го бирате она кое го собирате. Се што е околу вас само влегува во него. Голем дел од тоа не е во облик на свесна меморија така да вие немате сознанија за тоа а тоа е сепак таму. Со други зборови, содржината на умот не е создадена по ваш избор, тој едноставно апсорбира се на кое сте изложени“ – вели духовниот учител на прашањето дали можеме да му веруваме на нашите мисли.
Голем дел од луѓето сериозно ги сфаќаат своите мисли, верувајќи дека секоја која им поминува низ главата, претставува неоспорна и непобидна вистина. Но дали знаете што? – Мислите не се факти!
Мислите се само мисли. Само затоа што имате таква мисла не значи дека таа е вистинита. Колку сосема случајни мисли имате кои воопшто немаат врска со ништо?
Просечниот човек има повеќе од 50 000 мисли дневно.
Мислите ли дека имате 50 000 вистинити мисли на ден?
Направете си себеси услуга и научете се да го посматрате својот ум, а да не го сфаќате премногу сериозно. Не верувајте на секоја ваша мисла која ви поминува низ главата. Посматрајте ги вашите мисли со сомнеж и со резерва. Гледајте на нив како на облаци на небото или бранови во океанот, кои брзо доаѓаат и брзо исчезнуваат.Исто така сфатете дека не сте одговорни за својот процес на размислување и не влијаете на тоа за кое мислите. Да можевте да го правите тоа, би имале само позитивни и среќни мисли и не би мислеле и на негативни и лоши нешта.
Вистина е дека не знаете ништо за својот ум или вашите мисли и тоа кое ги предизвикува, од каде доаѓаат и која ќе биде вашата следна мисла или зошто една мисла доаѓа наместо друга.
Ако не верувате во ова, запрашајте се:
-Кога ќе биде вашата следна мисла?
-За што ќе размислувате за 10 секунди?
-Зошто сте ја имале токму таа мисла наместо некоја друга?
-Зошто едноставно не размислувате за она за кое сакате да размислувате?
-Зошто често имате случајни мисли за нешто што се случило пред две недели или 25 години, наместо за нешто што е релевантно во текот на разговорот?
-Зошто вашиот ум лута?
-Можете ли да се одлучите да го испразните умот од мислите?
Спознавањето дека вие не сте вашиот ум или вашите мисли, дека сте одвоени од нив, претставува едно од најдлабоките и најмоќните откритија кои ќе ги направите во животот.