Категории

Вашиот идеален летен партнер во хороскоп е…

Ако ова лето имате во план да фрлате љубовни стрели, добро би било да знаете на каде да ги насочите, односно, дали сакате да уловите опасна Скорпија или комплициран Близнак.

Еве како хороскопот ве советува на тоа поле:

Овен

Ловете Стрелец затоа што е општо познато дека момците во овој хороскопски знак може да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе влијаат на вас, проширувајќи ви го кругот на интереси. Благодарение на него, правилно ќе ја насочите целата енергија, а покрај тоа во креветот ќе бидете и повеќе задоволни.

Бик

Лоцирајте маж кој е во знакот на Девица затоа што само тој ќе ви овозможи однос полн со взаемно разбирање. На жените Бикови им одговара практичноста, мудроста и сериозноста на Девиците. Со заеднички сили ќе постигнете многу затоа што ќе бидете и пријатели и љубовници во исто време.

Близнаци

Ако сте припадник на овој знак, обидете се да уловите Лав кој со својата сила и топлина ќе го грее вашето срце, но и тело. Лавот маж е учител кој ќе ве соочи со мааните и предностите кои ги имате, штитејќи ве со сета своја енергија.

Рак

Жената Рак во текот на ова лето би требало да улови Скорпија затоа што само овој знак ќе ја разберете потребата за дом, топлина и семејство. Големи се шансите Скорпиите да ви ги читаат мислите ова лето, па ќе ви овозможат одличен емоционален однос. Плус, никогаш нема да ви биде здодевно.

1 2 3

Прегледи:
938
Објавено на:
03.07.2016