Категории

Вашиот идеален летен партнер во хороскоп е…

Лав

Тргнете во потрага по Овен затоа што само тој ќе знае да ви ги исполнува желбите. Вашата врска ќе ја краси високо ниво на толеранција и компромис, иако ќе имате ситни расправии заради сличниот темперамент. Плус, летниот секс ќе биде феноменален.

Девица

Најмногу ви одговара маж Јарец затоа што само тој ќе ги разбере вашите стравови и ќе ви овозможи доволно љубов и заштита. Плус, двајцата сте практични и реални знаци кои се насочени кон негувањето на семејните вредности.

Вага

Побарајте некоја Водолија ако сакате да ви се исполнат најскриените еротски фантазии. Со мажот роден во знакот на Водолија никогаш нема да ти биде здодевно затоа што ќе знае како да ви го разубави денот кога сте тажни и изморени.

Скорпии

Потребен ви е нежен, страствен и сензуален маж кој најчесто е во знакот на Риби. Вашиот однос ова лето ќе биде крајно емотивен и бурен, но само Рибите ќе успеат да ги поднесат вашите промени на расположението и критиките.

1 2 3

Прегледи:
940
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
03.07.2016