Човештвото отсекогаш од универзумот го барало одговорите на големите тајни. Првите слики на ноќното небо биле откриени во Ласко, во Франција, а настанале околу 15.000 години п.н.е.
Вавилонскиот систем на астрологија содржел многу работи кои би ги препознале денес. Фиксните ѕвезди биле поделени во три групи: Ану, Енлил и Еа, врз основа на тоа каде се наоѓале на источниот хоризонт. Вавилонците порано препознавале 18 созвездија кои подоцна ги намалиле на 12 констелации, кои биле превземани од Грците кои ги согласиле со созвездијата кои ги користиме и денес.
Тие верувале дека на карактерот на личноста влијаеле позициите на ѕвездите во моментот кога таа личност е родена (денес ова се чита преку натална карта). Според едно пророштво се вели дека децата родени во 12-от месец ќе живеат долго и ќе имаат многу машки деца.
Целовкупната основа на астролошките надбљудувања, именувањето и кореспонденциите на планетите со божествата, како и основната структура на 12-те знаци на зодијакот се присутни во модерната астрологија која ја користиме и денес за да ги откриеме тајните на универзумот. Истите тајни кои пред толку многу години ги создавале Вавилонците.