Категории

Важни нешта за врските кои е тешко но неопходно да ги прифатите

Најва Зебијан е либанско-канадски автор, поет и активист чии зборови допреа милиони на Интернет. Подолу ви ги пренесуваме нејзините совети кои се важни да ги прифатите доколку сакате да уживате во добра врска.

Најва Зебијан е либанско-канадски автор, поет и активист чии зборови допреа милиони на Интернет. Таа го лансираше дигиталното училиште Soul Academy и популарниот подкаст Stories of the Soul. Нејзината четврта книга, Добредојдовте дома: Водич за градење дом за вашата душа објавена во јуни 2021 година инспирираше многумина да почнат да ја живеат најдобрата верзија од себе.

Нејзината работа е претставена во Њујорк Тајмс, Гламур, Ел Канада, ХафПост и други, а говорот на TEDx „Наоѓање дом преку поезија“ е прегледан повеќе од 120.000 пати. Подолу ви ги пренесуваме нејзините совети кои се важни да ги прифатите доколку сакате да уживате во добра врска.


1. Не е ничија одговорност или задача да ве направи среќни. Престанете да ја давате својата моќ на другите очекувајќи од нив да ви го променат животот.

2. Никој не ти должи ништо. Вие сте лидер и креатор на сопствениот живот. Работете за она што го сакате. Тоа ќе ве направи силна личност.

3. Чекањето некој да го достигне својот целосен потенцијал може само да ве исполни со тага и разочарување. Колку побрзо се ослободите толку побрзо ќе заздравите.

4. Не размислуваат сите како тебе. Што има смисла за вас, некој друг воопшто не мора да го разбере. Комуницирајте колку што е можно повеќе.

5. Љубовта не боли. Престанете да се убедувате себеси дека повеќе би сакале да страдате со некого отколку да страдате за него.

Прегледи:
560
Објавено на:
17.01.2022