На 1 октомври 2023, во Скопје се одржа 19-то издание на „Виз Ер Скопски Маратон“.
На овој меѓународен натпревар учество зедоа над 11 000 атлетичари од 53 земји. Со првото место за маратон од 42,195 километри се закити Кениецот Виктор Киплагат Серем, второто место му припадна на неговиот сонародник Лабан Черјот, а третото место му се додели на нашиот Македонец Дарио Ивановски.
Од женска конкуренција за маратон со првото место се истакна Кенијката Рут Чемисто Матебо, второ место исто за Кенијката Мерци Кипкемои, а со третото место се закити Хрватката Марија Врајиќ. На четвртото место заврши Македонката Билјана Кираџиева.
Во полумаратонот од 21,097 километри победи Британецот Бен Фелтон, второ место за Србинот Велимир Бејовиќ и трето место за Македонецот Леонид Вандевски. Како четврт најбрз Македонец во полумаратон се истакна повеќекратниот македонски шампион Кокан Ајановски.
Во женска конкуренција на прво место беше македонката Адријана Поп Арсова, а второто и третото место им припадна на атлетичарките од Косово, Гриза Бакраџи и Наиле Сеферај.