Категории

Ве мачат борите на лицето? Маската од ова семе е вистинското решение за вас

Домашен третман кој по две недели ќе направи толкава промена во вашиот изглед, што нема да можете да поверувате што гледате.

Тајната е во лененото семе. Ова семе со своите лековити својства допринесува за подобрување на состојбата на вашето поткожно ткиво и ве подмладува особено на чувствителните делови на лицето – околу очите, каде што кожата е најтенка и најмногу склона кон создавање бори.

Начин на подготовка:

Ставете лажичка ленено семе во чинија и прелијте ја со третина шолја зовриена вода, мешајте неколку минути и потоа прекријте ја со салфетка да отстои до вечерта. Исцедете ја мешавината. Користете ја водената маса во која стоело лененото семе.

Примена:

Нанесете ја на исчистено лице и врат. Не мора да се грижите околу избегнувањето на пределот на очите, слободно овој раствор нанесете го и таму. Кога ќе се исуши маската, намачкајте повторно. Оваа процедура повторете ја пет пати. Потоа измијте го лицето и нанесете ја соодветната крема.

Ефекти од маска со ленено семе:

  • Ја тонира и ја затега кожата
  • Ги намалува широките пори
  • Ја хидрира кожата
  • Служи и како пилинг за кожата
  • Го намалува вишокот себум на масната кожа
  • Помага при спречување на формирањето на акни и ги отстранува акните
  • Го успорува стареењето
Прегледи:
514
Објавено на:
04.06.2018