Категории

Вечер изговорете ги овие зборови: Младата Месечина привлекува љубов и моќ

Младата Месечина во знакот на Шкорпија, на 4. ноември ќе засјае на небото и ќе донесе една нова и свежа енергија. Нејзината моќ е во промените, трансформациите кои ги носи, енергијата и желбата да се случи нешто ново. Колку и да делува позитивно сето ова, во текот на периодот на младата Месечина може да се сретнеме со најразлични предизвици и тестови.

Многу работи зависат од нашиот фокус. Ако размислувате само за неизвесната иднина, привлекувате стравови, сомнежи и непријатност. Обидете се да ги прифатите промените, насочете се кон нив, а потоа искористете ги во своја корист.

Младата Месечина може да биде одличен период за расчистување на некои стари односи, особено на љубовен план. Оваа силна и моќна енергија може да ви помогне да се поврзете со партнерот, да се ослободите од некои мрачни сенки од минатото и повторно да почнете од почеток. Секој почеток е убав,  а вие потрудете се на овој да ги изградите темелите на љубовта.

Сега е важно да се посветите себеси, на својот развој. Разбудете ја таа магична моќ која ја имате во себе и ззапочнете кон нови хоризонти!

Вечер во ноќта на младата Месечина во Шкорпија изговорете ја следната афирмација – зголемете ја во себе добрата енергија и привлечете моќ, љубов и богатство.

  • Отворен/а сум за сѐ што и служи на мојата душа
  • Нежен/нежна сум кон себе и сочувствувам со другите
  • Си го простувам минатото и отворен/а сум кон доброто кое претстои
  • Имам моќ да ја обликувам својата реалност
  • И дозволувам на љубовта да ме исполни
  • Лесно ја ширам својата светлост и зрачам со неверојатна енергија
  • Ја будам во себе моќта и прифаќам нов почеток
Прегледи:
661
Објавено на:
04.11.2021