Категории

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 – Супермесечината! (ВИДЕО)

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина.

Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона.

Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците.

Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот.

Ова ќе биде последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи го означува и времето кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите.

Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути.

2020, година на Супермесечините

Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет, а ќе ја проследиме на 8 април, кога ќе биде на  357,035 километри од планетата Земја (најблиску до сега од февруари минатата година).

Последната спектакуларна Супермесечина за 2020 година не очекува на 7 мај, кога ќе биде оддалечена 361,184 километри од Земјата.

Прегледи:
1918
Објавено на:
09.03.2020