Категории

Вегетаријански брз десерт: Рецепт за бомбици од само 2 состојки

Овој здрав и вкусен десерт е лесен за подготвување, а е многу здрав.

Состојки:

  • 300 грама паста од чист мелен сусам (тахини)
  • 300 грама мед

 

Подготовка:

Измешајте ги добро состојките и направете бомбици. Ставете ги малку во ладилник за да се стегнат.

 

Совет:

Можете сами да направите тахини. Потребно е излупено, сирово семе од сусам, малку масло од сусам, но може и маслиново или сончогледово. Пред да го сомелете во блендер, пропржете го семето малку во тава додека не добие златна боја. Внимавајте само сусамот да не ви изгори, бидејќи ќе стане горчлив. Ставете го во блендер, додадете го маслото и убаво изблендирајте додека не добиете мазна, густа смеса.

Прегледи:
539
Објавено на:
31.01.2020