Дали верувате во љубов на далечина? Дали сакате некој што е моментално далеку? Јас не верував во љубов на далечина. И никогаш не би поверувала, се додека не станав сведок на таква љубов.
Мојата најдобра другарка е во врска околу три години. Таа е прекрасна личност. Со неа се чувствувам најубаво, секоја минута без неа е залудна.
Нејзиното момче е најдоброто момче што некогаш сум го запознала. Без разлика на се, на сите препреки и спротивставувања, љубовта меѓу нив од ден на ден е се поголема.
Тој постојано патува во странство, а таа без разлика на се го чека. Без разлика на времето, без разлика на месеците, таа 24/7 зборува за него. Таа го чека, а јас и тој правиме се за таа да не го почувствува неговото отсуство.
Тој сега е таму, а таа тука и се сакаат, не се плашат од изневерување, нивната доверба е голема.
Не можам да опишам колку се сакаат, колку се среќни и заљубени. Душички. Верувајте во љубовта на далечина, верувајте и сакајте, бидејќи постои.
В.Д.