Категории

Весело смути од сливи со лаванда (РЕЦЕПТ)

Сливите не се вообичаени состојки на смутито, но вреди да ја пробате оваа комбинација, особено со мирис на лаванда…

Состојки:

  • 3 лажици вода
  • 2 лажици нектар од агава (или јаболко)
  • 1 лажичка лаванда за јадење
  • 250 мл. бадемово млеко
  • 200 гр. сливи (без семки)

 

Подготовка:

Во сад измешајте ја водата и лавандата и загревајте на тивок оган додека не зоврие. Потоа оставете малку да излади, па исцедете и измешајте со млекото од бадем. Истурете во блендер и додадете ги исецканите и исчистени сливи. Изблендирајте убаво и послужете!

Прегледи:
687
Објавено на:
06.03.2020