Скај Сити висококатниците покажаа голема отпорност на земјотрес. Со денешното испитување се покажа дека овие највисоки згради во Македонија имаат одлична отпорностна вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени.
„Нашата градба беше вршена под постојан надзор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Нивната експертиза искомбинирана со нашето големо искуство во ваков тип на градбирезултира со денешнатапотврда дека и во Македонија се можни високи градби со голема издржливост. Денеска и практично се докажа зошто овие 40 катници се најсигурни во Македонија”, изјави генералниот менаџер на Џеваир Македонија, Есер Џеваир.
Испитувањето се вршеше со техника на принуден земјотрес што се спроведува со вибратори кои произведуваат 5 тона хоризонтална сила. Неколкуте поставени вибратори се движат во круг и се влегува во резонанца произведувајќи вибрации како вистински земјотрес со магнитуда од 4 степени.