Категории

Вежби за жени кои секојдневно носат високи потпетици

Високите потпетици не се само одраз на модата, туку и претставуваат начин за стекнување поголема самодоверба, достигнување на секси изглед и ја прават жената да изгледа гламурозно и женствено.

Меѓутоа, секоја жена ќе признае дека нејзините стапала патат од носењето на овие чевли, но сепак по цена на убавината сѐ се трпи.

Повеќето жени никогаш нема да се откажат од своите омилени високи потпетици, затоа е добро да почнат уште денес да ги прават овие вежби за зајакнување на мускулите:

1. Куче вежба

Почнете така што ќе се држите со рацете на под, а задникот ќе го кревате додека не почувствувате дека вашите раце и нозе се затегнуваат. Потоа наизменично мрдајте ги стапалата горе доле, трудејќи се петата да го допре подот. Вежбата повторувајте ја по 10 пати за секое стапало.

2. Истегнување

Почнете така што со лицето ќе се свртите кон ѕидот. Рацете ставете ги на ѕид во ширина на рамениците. Двете стапала треба да стојат цврсто на подот. Започнете со десното стапало, повлекувајќи ја ногата нанапред, како да правите исчекор, сѐ додека не почувствувате дека мускулот од левата нога се затегнува. Задржете 2 секунди, а потоа променете ја ногата. Направите 8 вакви повторувања.

3. Вежба на стапалата

Искористете некоја мала, тврда топка, како на пример топче од тенис. Потпрете се на ѕид, а потоа застанете на топчето и вртете го по стапалото, а најмногу фокусирајте се на петиците. Притисокот од тежината на телото контролирајте го со потпирањето на ѕидот. Вежбата нека трае околу 1 минута за секое стапало.

4. Подигнување на колковите

Легнете на грб и подигнете ги колената додека вашите стапала се поставени цврсто на подот. Телото подигнете го од подот, додека да почувствувате затегнување на мускулите од колената до градите. Потоа згрчете го задникот колку што можете повеќе и вратете се во првобитната положба. Направете 3 серии по 20 повторувања. Помеѓу секое повторување направете 1 минута пауза.

Прегледи:
437
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.04.2016