Категории

Ви ги откриваме тајните за убави трепки

Доколку сте една од оние жени кои наутро се будат со убави долги трепки тогаш верувајте дека сте среќничка на која сите и завидуваат, но доколку не сте тогаш ние ви ги откриваме тајните како да постигнете убави долги и волуменозни трепки.

1. Негувајте ги трепките пред спиење
Природните масла одлично помагаат при негата на трепките, па најдобро е да ги користите секоја вечер пред легнување. Рицинусовото масло е едено од тајните лекови за убави трепки за кое малкумина знаат. Нанесувајте го на врвот на памучна чепкалка или со чиста четка од маскара од коренот па се до врвовите на трепките, тоа ќе помогне во циркулацијата и ќе доведе до побрз раст.

2. Не заборавајте да ги извиткувате трепките пред да нанесете маскара
Едно од основните правила за убави трепки е да не нанесувате маскара пред нивното виткање. Така ризикувате маскарата да ги исуши и залепи а со тоа тие ќе станат тврди и кршливи.

3. Виткајте ги трепките на овој начин
За да имате убави и долги трепки, виткајте ги трепките од коренот накај врвовите, држете го виткачот неколу секунди па потоа повторете ја постапката така што ќе ги навиткате од средината па до врвовите.

4. Користете бебешка пудра за погусти трепки
Пред да го нанесете првиот слој маскара, нанесете малку бебешка пудра. Тоа ќе направи вашите трепки да изгледаат погусто и поприродно.

5. Нежно вадете ја маската
Ова е најважниот чекор кога се работи за тоа како да имате убави трепки. Кога ја вадите маскарата секогаш користете мек памук и сретство наменето за вадење шминка на очите. Притоа нежно поминете нагоре и надолу, без да ги триете премногу бидејќи така можете да ги откорнете.

6. Менувајте ја маскарата на секои 3 месеци
Сите знаат дека не посто по „опасно оружје“ од стара маскара. Затоа внимавајте неа да ја користите максимум три месеци, бидејќи со самото прво отворање на маскара таа претставува средина каде што постојано се насобираат бројни бактерии кои се пренесуваат на вашите очи и трепки а тоа спречува нивно здраво растење и изглед.

Прегледи:
479
Објавено на:
23.02.2017