Вашата омилена облека во црна боја избледе? Не грижете се, постои еден евтин трик кој ќе ви помогне. Колку и да е квалитетна, црната гардероба со тек на време избледува, поради што треба особено да обратите внимание на нејзиното одржување.
Сепак, доколку забележите дека ја изгубила првобитната боја, послужете се со еден трик. Се што ви е потребно е црн бибер, а резултатот е фантастичен.
- Кога ќе ја ставите црната облека во машината за перење, додадете и една кафена лажичка црн бибер во прав (околу 5 грама).
- Потоа вклучете ја машината и исперете ги алиштата на стандардната програма.
Еве како делува овој трик:
Алиштата избледуваат поради насобирањето на детергентот, а абразивноста на биберот ќе ги отстрани сите остатоци, а црнилото дополнително ќе и даде црна нијанса на вашата облека.