Динамичното дизајнерско дуо Victor&Rolf создаде колекција венчаници чие деби го доживеа на модната недела посветена на невестинските креации. За оваа колекција тие изјавија дека задоволството да се креираат венчаници е навистина голем предизвик кој не е еднаков како и креирањето hautе couturе тоалети. Фокусот го насочивме кон силуетата и необичните фигури но во прв план ги ставивме скулпторските елементи на кои додадовме реалистичен пресврт.
Нивните креации вклучуваат комфорни ткаенини кој целат кон тоа да го изразат смелиот дух но притоа ја задржуваат елеганцијата и естетиката која секоја невеста ја посакува. Дел од венчаниците се изработени во тродимензионални форми, украсени со цветни апликации а дел од нив се украсени со Сваровски кристали. „Покрај смелите додатоци одлучивме покрај се овие венчаници да бидат во вистински баалски дух, сепак тоа е сонот на сите девојки, да изгледаат како вистнски современи принцези.” – додаде дизајнерското дуо.