Категории

(ВИДЕО) ЈА ПОГОДИ ПУБЛИКАТА ВО СРЦЕ: Оливер Драгоевиќ ја испеа една од најубавите македонски песни

Стариот шармер ја крена публиката на нозе кога почна да ја пее „Битола мој роден крај“. Немаше некој што не стана и не пееше заедно со него.

Емоции и овации предизвика Оливер Драгоевиќ вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кога пред публиката ги запеа рефрените од една од најпознатите македонски песни. Тој ја крена публиката на нозе кога почна да ја пее „Битола мој роден крај“. Немаше некој што не стана и не пееше заедно со него.

Вечерашниот концерт беше едно романтично далматинско патување. Драгоевиќ и Џибони приредија таква атмосфера, од која ретко кој остана рамнодушен. Двајцата музичари на публиката ѝ се дадоа безрезервно и воспоставија одличен пријателски однос со присутните. Постарите генерации, но и оние помладите во еден глас ги пееја рефрените од нивните песни.

Прегледи:
495
Објавено на:
05.03.2017