Категории

ВИДЕО: Ова е најбезбедната чет апликација во светот

Наспроти тоа што најпопуларните чет апликации како Вибер и Фејсбук воведоа комуникациски систем кој обезбедува приватност на корисникот, пазарот на програми за размена на информации секогаш нуди нови производи.

Новата чет апликација, чии творци тврдат дека е најбезбедна за паметните телефони со оперативни системи Андроид и иОС се вика Сигнал прајвет месинџер (СПМ).

Ако се суди според тврдењето на креаторите, се работи за најдобра апликација која на корисниците им овозможува дури и да го прегледаат нејзиниот код за да се уверат во заштитеноста на своите пораки.

Тоа што е интересно во врска со СПМ, зад кој стои компанијата „Оупен Виспер Систем”, е дека нејзиното симнување преку „Гугл плеј“ и „Епл стор“ пораснало за 400 отсто по претседателските избори во САД на кои победи Доналд Трамп.

Првобитната популарност на апликацијата порасна откако ја пофали Едвард Сноуден, познат по откривањето на тајните владини програми за следење на граѓаните. Сигналот сега го користат неколку милиони сопственици на Андроид и иОС уреди.

Прегледи:
381
Објавено на:
05.02.2017