Категории

ВИДЕО: Погледнете го македонското Сен Тропе

Селото Стење се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро во подножјето на планината Галичица. Со средена плажа, мирни води, прекрасни природни пејсажи наоколу, тоа привлекува се повеќе туристи и се повеќе станува познато како македонското Сен Тропе.

Инаку, плажите во Стење и во Сливница се уредија лани, а инвестицијата изнесуваше околу 1.3 милиони евра, средствата беа обезбедени од буџетот на министерството за транспорт и врски, а наредниот месец ќе започне изградба на пешачка и велосипедска патека околу езерото, а владата ќе издвои околу 1 милион евра за таа намена.

Прегледи:
652
Објавено на:
08.07.2016