Во недела на 20 ноември со почеток во 16 часот, Собранискиот канал на Македонската телевизија ќе врши пренос од детската овогодишна Евровизија. Македонската натпреварувачка Мартија Станојковиќ е подготвена за неделниот настап, а нејзината “Love will lead our way” е најпрегледувана песна од сите детски песни на овој натпревар.
Поради забраната од ЗАМП, голем процент на македонската гледачка и слушателска публика не ни ја знае песната која е фаворит – песната на Македонија. Токму поради таа забрана, нејасно е дали МТВ Собраниски ќе го емитува настапот на Мартија во живо додека трае фестивалот и дали таа забрана е причина што Евровизија не оди на главниот канал.
Во продолжение погледнете ја тонската проба на нашата ѕвездичка :
Во секој случај, Македонија е со Мартија! Држиме палци и посакуваме победа. Конечно имаме светска песна, светски вокал и комплетен пакет. Напред, Мартија!