Во македонската Трета лига во последното коло падна вистински еврогол, постигнат во стилот на бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос.
На натпреварот помеѓу Кит Го Пехчево и Брегалница Голак (2-1), играчот на гостите, Александар Георгиевски – Бене, постигна вистинско ремек-дело од слободен удар, од преку 35 метри. Фудбалерот зеде залет како Роберто Карлос и испрати проектил кон голот на домаќинот кој ни двајца голмани не би го одбраниле.
Александар Георгиевски често постигнува вакви голови и ова не е прв погодок за него од слободен удар. Брегалница Голак се наоѓа на осмото место во Третата лига – Исток.
Извор : gol.mk