„JoomBoss“ одлучи да изврши мал експеримент и во Пореч да нарача кафе на хрватски јазик, а веднаш потоа и на англиски.
Тој прво ги пушти пријателките да нарачаат на хрватски јазик. Тие добиле кафе за 2 куни, послужени со чаша вода и шеќер.
Подоцна кога тој нарачал на англиски, наплатено му е за 4 куни, по што морал да бара посебно сметка, а не добил ни вода ни шеќер.
Изгледа дека поречките кафичи сакаат да земаат мал „данок“ од странците, а во продолжение погледнете како тоа изгледа во пракса.